Во 2000 година, два дена по прославувањето на новиот милениум, еден младич по име Зеб Квин исчезнал по неговата работна смена во самопослуга во Ашвил, Северна Каролина. Тоа што овој случај е особено интересен за полицијата и онлајн истражувачите е големиот број на траги. Сите изгледаат случајни и неповрзани, речиси нарочно оставени на тој начин, па така можат да се направат многу мал број на поврзувања помеѓу нив за да доведат кон убедлив осомничен.

Дали може да се реши случајот на Зеб Квин, веќе 15 години по неговото исчезнување?

Зеб Квин ја завршил неговата смена во 21:00 часот на 2. јануари 2000 година. Потоа на паркингот се сретнал со неговиот пријател Роберт Овенс. Двајцата тргнале во посебни автомобили да видат автомобил за кој Квин бил заинтересиран.

kv01

На патот кон паркингот кајшто се наоѓал автомобилот за кој бил заинтересиран, Квин запрел и блиндирал за и Овенс да запре. Му кажал на Овенс дека примил порака и мора да се јави. Изгледал многу возбудено и кога заминувал за малку ќе го удрел возилото на Овенс.

kv02

Два дена подоцна, неговиот надзорник во Волмар примир мистериозен телефонски повик од човек кој тврдел дека е Квин и барал ден одмор бидејќи бил болен. Полицијата го лоцирала телефонскиот повик до работното место на Овенс, блиската фабрика на Волво. Овенс признал дека тој се јавил, велејќи дека само сакал да му помогне на другарот.

kv03

Пред исчезнувањето Квин се сплеткал со жена по име Мисти. Квин на неговото семејство и пријатели им кажал дека нејзиното момче ја злоставувал па дури во една прилика му се заканил на него дека ќе му го одземе животот.

kv04

Мистериозната порака која ја добил Квин пред Овенс да го види за последен пат била испратена од домот на неговата тетка Ина Утисч, којашто ретко контактирала со Квин. Таа ноќ Утисч вечерала со нејзината пријателка Тамра, мајката на Мисти. Таа ноќ Мисти и нејзиното момче исто така навратиле во куќата на Утисч.

kv05

Уште почудно, две недели по неговото исчезнување, неговата кола била најдена крај еден ресторан спроти болницата кадешто работела неговата мајка. Во колата биле најдени хотелски клуч, шишиња алкохол, палто коешто не му припаѓало на Квин и кутре црн лабрадор. На ветробранот биле нацртани усни со извичник.

kv06

Иако приказната на Роберт Овенс звучи неубедливо и тој е еден од првите осомничени, нема ниеден доказ кој непосредно го поврзува со исчезнувањето на Квин. Мисти и нејзиното момче исто така се ослободени од било какво обвинение. Сосема е можно дека никогаш нема да се дознае што се случило на тој ден, пред 15 години.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено