Оваа скромна двокатна куќа од мермер во Петербург, во американската држава Вирџинија, содржи повеќе од 150 години историја на Граѓанската војна вградена во нејзините ѕидови. Сепак, била изградена во 1934 година.

Таа година, жителот Освалд Јанг склучи договор со националните гробишта „Поплар Гров“ во близина на Петербург. Гробиштата се обидувале да заштедат пари за одржување, а надзорниот од Службата за национални паркови, кој раководел со гробиштата, одлучил дека ако ги искорнат надгробните споменици од гробовите и да ги налегнат на земја, ќе имаат помалку трева за косење и ќе се заштедат повеќе пари.

Како резултат на тоа, над 2.000 надгробни споменици биле отстранети, исечени во соодветна големина и налегнати на земјата. На крај на гробиштата имало илјадници парчиња исечени мермерни плочи кои требало брзо да се отстранат. Опортунистот Освалд Јанг ги купил деловите од надгробните споменици за сума од 45 долари. Овие парчиња биле искористени за украсување на надворешноста на неговата куќа, за пешачката патека, па дури и за изградба на каминот.

Уништените надгробни плочи не им припаѓале на „обични луѓе“. Тоа биле гробови на војници на Унијата убиени за време на опсадата на Петербург во 1864-65 година. Мртвите првобитно биле погребани во близина на бојното поле, некои во поединечни плитки јами, други во масовни гробници, а потоа биле соодветно закопани на гробиштата „Поплар Гров“.

Семејствата и потомците на починатите со години се жалеле на обесчестувањето на паднатите воени ветерани. На крајот, владата навела буџет од неколку милиони долари за обновувањеа на гробиштата.

Помеѓу 2015 и 2017 година биле заменети повеќе од пет илјади плочи и биле направени подобрувања низ целиот имот. Гробовите на познатите мртви добиле нови исправени надгробни споменици, додека гробовите на непознатите добиле квадратни обележја над земјата, отсликувајќи ја оригиналната конфигурација на гробиштата.

Старите надгробни споменици биле извадени и отстранети за да спречат друг Освалд Јанг да ги искористи на несоодветен начин.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено