Откако на 45-годишната Британка Кејт Бароус ѝ дијагностицирале нетолерантност на неколку хемикалии кои многу се користат во современиот начин на живот, таа и нејзиниот 47-годишен сопруг Ален, решиле да си изградат еко колиба во шумата и да започнат да живеат здрав живот. Си направиле куќичка како од приказна и во неа живееле 19 месеци.
Но, не можете туку така да се извлечете од даночната матрица на современиот свет. Властите на Норт-Девон пронашле дека тие го нарушуваат законот за планинарење, па донеле одлука да им го уништат живеалиштето. Единствен проблем им е што Кејт и Ален се решени по никоја цена да не се откажат од она што го изградиле и од нивниот начин на живот.

Сподели на Facebook
пати видено