Кога полицијата на Тулса, САД пристигнала на местото кадешто двајца млади мажи се степале, очекувале да дознаат дека причината за крвавата тепачка е спор помеѓу нарко дилери, или можеби препирка околу жена.

Не! Всушност, во 2015 година младите мажи веќе не се тепаат за такви старомодни работи. Во ова ново време имаме многу поконтроверзни работи за кои треба да си ги вадиме очите…знаете, како на пример, кои смартфони се подобри, Ајфоните или Андроид телефоните.

Паркиралиштето било прекриено со стакло откако двајца пијани мажи се обиделе да дискутираат за вечно-важната тема за тоа кои се подобри смартфони. Сето тоа завршило со тепачка, па дури и со обид да се убијат едни со други со скршени пивски шишиња.

p01

p02

p03

Сподели на Facebook
пати видено