Јовери Мусевени, претседател на Уганда, објави дека има намера да го забрани оралниот се*с во земјата. Според него, “устата е за јадење, не за се*с”.

На прес-конференцијата, претседателот обвини „некои надворешни фактори“ за „лошите практики“ со кои Уганда ги губи вредностите се повеќе и повеќе. „Еден од нив е она што тие го нарекуваат орален се*с“, рече претседателот. „Устата е за јадење“, потенцираше тој, дури и гестикулирајќи со раката, имитирајќи дека внесува храна во устата.

Уште во 2014 година, шефот на државата беше против оваа практика. Според него, ова било како да ви се појавиле црви во стомакот на организмот и ве јадат одвнатре. Претседателската порака тогаш не доби научна поддршка.

Истата година, Јовери Мусевени го потпиша законот за анти-хомосе*суалност, според кој нелегално е да се биде хомосе*суалец во земјата. Уганданците ќе се соочат со ризик од доживотен затвор ако имаат се*с со луѓе од ист пол.

Сподели на Facebook
пати видено