Стивен Армстронг од Нортамберланд, Англија, поставил монитор за бебиња над креветчето на неговата 1-годишна ќерка Ела. Кога решил да ја провери на мониторот, забележал нешто од што тој вели дека се „замрзнал од страв“.

На видеото се гледа како чудна светлечка форма се доближува до креветот на Ела, а Стивен собрал храброст и веднаш влегол во нејзната соба. „Јас само се замрзнав и не се мрдав. Јас обично не верувам во духови или такви работи, но ова беше морничаво.“

Кога влегол во собата немало ништо. Но, Стивен вели дека ова не е првата средба на Ела со „нешто натприродно“. Тогаш во нејзиното креветче се појавила кукла, која никој не ја ставил таму, а Стивен се обрнал големо внимание тогаш, надевајќи се дека мора да има логично објаснување.

Стивен се свртел кон паранормален истражувач, Семи Роулинсон за одговорите за она што го видел. Семи вели дек може да се работи за почината личност, на која овој период ѝ бил важен. Загрижениот татко планира да ја продолжи истрагата.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено