Секој кој некогаш се обидел да држи диета знае колку е тешко да не се предадете и изедете едно чоколадо. Но, нутриционистите тврдат дека ако јадете определени видови храна, можете да се справите со тоа и успешно да ја намалите вашата тежина. Еве кои се тие видови храна:

1. Лосос

ms01

Јадењето лосос ќе ве засити за подолго време, со што ќе се намали потребата да каснете нешто меѓу оброците, вели нутриционистот Шона Вилкинсон.

„Лососот е одлична храна која ќе ви помогне да се справите со прекумерната тежина. Тоа е масна риба, полна со омега 3 киселини“, објаснува таа. Таа е одличен извор на белковини. Белковините ќе ви помогнат во борбата со вашиот апетит и ќе ве заситат за подолго време.“

2. Киноа

ms02

Киноата помага се справите со потребата за шеќер, вели нутриционистот Лили Сутер. „Овој јаглехидрат без глутен е пол со протеини“, вели таа. „Кога белковините се комбинираат со јаглехидрати, го успорува навлегувањето на шеќерот од јаглехидратите во крвта. Тоа е одлично за урамнотежување на нивото на шеќер во крвта, не чувствувате потреба за шеќер и ве одржува сити. А сето тоа е одлично за губење на прекумерната тежина.“

3. Брокули

ms03

Брокулите не само што се со малку калории, туку содржат пиродни состојки кои ги разложуваат маснотиите во телото, а за сметка на тоа се богати со растителни влакна и вода.

4. Кокосово масло

ms04

Заменете го обичното сончогледово масло со кокосово масло, коешто вашето тело го користи како инстант гориво, наместо да го складира како маснотии.

5. Едамаме

ms05

Овој зрнест производ е основа на јапонската кујна, но исто така може да биде и вкусна секојдневна закуска. Може да се додава во супи и салати и се одлично средство за држење на апетитот под контрола.

6. Грејпфрут

ms06

Грејпфрутот брзо заситува и го намалува лачењето на инсулин, што резултира со слабеење.

7. Чили

ms07

Лутите чили пиперчиња го забрзуваат метаболизмот. Ова се должи на состојката капсаицин која храната ја претвора во енергија, што го забрзува губењето на масните наслаги околу стомакот.

8. Малини

ms08

Малините се многу вкусни, а сепак сиромашни со шеќер. Шеќерот го зголемува лачењето на иснулин, кој е хормон одговорен за складирање на мастите во телото.

9. Авокадо

ms09

Авокадото е полно со добри масти и заситува за подолго време. Јадете половина авокадо дневно и тоа ќе ви помогне во држењето на вашата телесна тежина под контрола.

10. Бадеми

ms10

И покрај тоа што се богати со калории, според повеќе научни истражувања бадемите помагаат во губењето на вишокот килограми. Имено, поради тоа што се богати со белковини и здрави масти, заситуваат и се хранливи, што доведува до чувство на заситеност.

Сподели на Facebook
пати видено