Најмалата тинејџерка во Велика Британија, 19-годишната Џорџија Ранкин е висока само 60 сантиметри. Таа има постојани болни, но продолжува да се смее. Девојката има форма на скелетна дисплазија, поради што нејзините коски се споиле, кога таа била дете, што го попречило нејзиниот раст. Таа е пониска од просечно 2-годишно дете. Нејзината состојба е толку ретка што никогаш не била официјално дијагностицирана.

Сепак нејзината загриженост повеќе не се состои од нејзината висина, туку од секојдневната агонија. „Тоа е голем облак во мојот живот. Мојот живот е болка. Не е само тоа што сум мала. Нема бегство. Болката е таму од моментот кога се разбудам до моментот кога одам во кревет.“, изјавила девојката.

Иако Џорџија вели дека била изолирана на училиште и не одела на забави, таа сега ја цени својата уникатност. „Ми се допаѓа што сум уникатна. Сега не сакам да бидам како сите други.“, вели таа. Кога имала 13 години направила операција на нејзините колкови која требала да ја ублажи нејзината болка, но и било кажано дека по операција нема да може да ги користи нејзините нозе.

Таа сега зема лекови против болки, вклучувајќи морфиум и парацетамол до четири пати на ден, како и антиинфламаторни лекови двапати дневно и локален анестетик за колковите. Но, насмеаната тинејџерка му пркоси на страдањето со нејзината насмевка и шегите кои што ги кажува на сметка на нејзината висина. Како на пример кога вратоврската која требало да ја носи во средно училиште била голема колку неа и кога го употребила Новогодишниот чорап како вреќа за спиење.

 

Џорџија е активна на социјалните мрежи и сака да го споделува своето искуство со другите луѓе. Во 2014 година била спроведена кампања за да и се обезбеди посебна количка на младата девојка а во септември 2015 година конечно ја добила, количката која чинела над 20.000 евра.

Сподели на Facebook
пати видено