На Моли Потер од Алабама, САД ѝ било кажано дека нејзиното бебе има само 2% шанси да преживее, но среќата била на нејзина страна. Малиот Кулен се родил со тежина од само 370 гр, далеку од просечната тежина на новороденче.

Семејството не сакало да се откаже од бебето и сопругот на Моли се јавил во 16 болници во три држави за да ја пронајде онаа која што ќе се обиде да го спаси бебето. Сега по 160 дена во болница тој конечно може да си оди дома.

Моли гордо вели: „Па, тука се нашите 2 отсто. Совршен во секој поглед. Бог е добар, големо момче.“ Кулен сега тежи 2 кг и 500 гр и ги надминал сите поголеми потешкотии со здравјето. За да го прослават чудесното преживување на бебето од болницата организирале церемонија за „дипломирање“ за малиот Кулен.

Сподели на Facebook
пати видено