Откако се затворила локалната Blockbuster видеотека во Мисион, Тексас, никој не се возбудил премногу, но ова било вистински шок за аутистичниот син на едно локално семејство.

20-годишното аутистично момче чие што име не се споменува, не можело да се помири со фактор дека неговата омилена Blockbuster филијала се затворила. Неговите родители не можеле да поднесат да го гледаат во таква состојба и затоа му направиле мини Blockbuster видеотека во нивниот дом. Во неа има над десетици филмови, сите оригинално земени од Blockbuster.

Братот на аутистичното момче, Хавиер Зунига, постирал слики од нивните родители и реакцијата на неговиот брат на Твитер. Голем број на луѓе биле трогнати од постапката на овие прекрасни родители и Хавиер сега има над 98.000 лајкови на твитот. Хавиер вели дека иако неговиот брат не зборува, тој се смеел и ракоплескал.

За аутисттичните луѓе рутинските работи носат сигурност и им помагаат да имаат по нормален живот. Иако многу луѓе на Твитер се прашуваа зошто оваа видеотека има толку големо значење за момчето, сепак тоа е е важното прашање, најважна е насмевката на лицето, кај оваа посебно момче.

Сподели на Facebook
пати видено