Кога таткото на две ќерки близначки бил сместен во дом поради неговата Алцхајмерова болест, неговите две млади ќерки решиле најдобро да го искористат времето кое му преостанало. На 80-годишниот Скот, татко на Сара и Бека Данкан, болеста му била дијагностицирана во 2012 година, и неодамна морал да се пресели во дом со 24-часовна стручна грижа. Овој развој на настаните ги натерал 23-годишните дами од Грејпвајн, Тексас, да размислат за миговите во нивниот живот коишто нивниот татко речиси со сигурност ќе ги пропушти, и тоа им дало една идеја.

И покрај тоа што ниедна од девојките не е верена, тие облекле прекрасни венчаници, најмиле фотограф и се сликале заедно со нивниот татко.

„Јас и Сара знаеме дека нашиот татко речиси сигурно нема да биде на нашата свадба – едноставно сме реалистични – па така решивме да направиме свадбени фотографии со тато“, вели Бека.

Фото-сесијата траела само десет минути, но резултатите од неа ќе останат со сестрите до крајот на нивниот живот.

bl01 bl02 bl03 bl04

Сподели на Facebook
пати видено