Еден ресторан нуди можност луѓето да ја изедат најголемата порција начос и тоа бесплатно, односно ако можете да ја „исчистите“ чинијата за помалку од еден час. Порцијата начос во The Smoke Pitt  која е составена од 1 кг тортилја чипс, 3 килограми говедско месо, 1 кг чедар сирење и 500 гр кисела павлака, салса и гуакамоли, се служи во чинија со супер големина.

Секој што може да го заврши огромниот оброк ќе ја добие порцијата бесплатно заштедувајќи 50 евра, а ќе добие и бесплатен десерт, ако некој воопшто може да јаде десерт после ова. Освен количината на храна она што најмногу може да ве исплаши се калориите. Во чинијата има 15.434 калории.

22-годишната Лили Кутбертон од Нортхемптон се обиде да стане достојна на предизвикот, но не можеше да изеде ниту четвртина од чинијата и кога дознала колку калории има решила да не се обидува повторно.

Сподели на Facebook
пати видено