Дизајнерот Џозеф Волш верува дека квалитетот на животот може да се подобри ако се опкружиме со предмети кои се ценети по својата форма и функција, идеја која се манифестира во неговатаа функционална уметност, скулптури во кои е вметнат пресметан хаос. Волш дизајнира и произедува дела кои го стимулираат умот, ги примамуваат сетилата и постојат како нешто повеќе од нашите вообичаени претстави за мебел и украсни предмети.

Волш своето студио го отворил во 1999 година во Корк, Ирска. Како самоук, тој постојано бара нови инспирации за неговите дела. Волш не работи сам, туку со тим мајстори и техничари, кои му помагаат да ги осмисли и изработи крајните производи кои излегуваат од неговото студио. Погледнете ги и вие неговите инспиративни дела.

walsh_01 Walsh_02 Walsh_03 Walsh_04 Walsh_05 Walsh_06 Walsh_07 Walsh_08 Walsh_09 Walsh_10 Walsh_11

Сподели на Facebook
пати видено