Овој замок кој некогаш бил дом на словенечкиот Робин Худ има богата историја. Предјама се наоѓа во „устата“ на една пештера на висока карпа и нуди прекрасен поглед на пејсажот. Оваа позиција со сигурност му помогнала на познатиот словенечки витез кога на неговата врата „тропнала“ војската на Светиот римски император.

Замокот Предјама е замок кој се наоѓа на северозападниот дел на градот Постојна, во традиционалниот словенечки регион на Внатрешна Карниола. Овој замок, кој се наоѓа во југозападниот дел на земјата, е познат, меѓу другото, за својата позиција во влезот на една пештера на карпа од 123 метри.

Најпознат жител на предјамаскиот замок е Еразем Лугер, витез и добро познат крадец-барон, кој понекогаш се споредува со Робин Худ.

Предјамскиот замок или „замок пред пештерата“ бил изграден во 12 или 13 век. Замокот бил изграден во готски стил, кој во тоа време процветал во Европа. Целиот замок не бил изграден одеднаш, туку во фази во текот на годините што следеле. Најраната референца за замокот Предјама датира од 1274 година и бил спомнат според неговото германско име „Luegg“.

Најпознатиот жител на замокот Еразем, освен што се водел според принципите на Робин Худ, исто така многу помогнал во одбрана на замокот против силите на Светиот римски император. Иако тој бил на крајот поразен преку предавство, оваа епизода во историјата на замокот ги покажува одбранбените способности на утврдувањето.

Според една верзија од приказната Еразем бил поддржувај на Унгарците за време на нивните војни со Светото римско царство. Меѓутоа, попопуларната верзија на приказната е дека Еразем го убил командантот на царскиот маршал, кој навредил еден од пријателите на Еразем. Но, маршалот бил роднина на Светиот римски император, Фредерик III. Како резултат на тоа, императорот наредил еден од неговите вазали да го фати или убие Еразем. Кога Еразем ги слушнал вестите, тој веднаш избегал во замокот Предјама и се подготвувал за долга опсада.

Според позицијата на замокот може да се пристапи само од една страна и тоа со голема потешкотија. Затоа противниците решиле да го принудат Еразем да се предаде така што ќе го прекинат внесот на храна и водоснабдувањето на замокот. Но, според една од приказните Еразем фрлал свежи цреши кон противничката војска за да им покаже дека има доволно залихи.

На крајот Еразем бил предаден од еден негов поданик и бил убиен на прилично непријатен начин. Тој извршувал нужда во тоалетот на замокот и на напаѓачите им бил испратен сигнал за да пукаат со топови во таа насока. Така Еразем загинал, а подоцна било откриено дека во замокот добивале храна и вода преку таен премин преку пештерата.

Силен земјотрес му нанел голема штета на замокот. Во 1570 година, сопственикот на замокот, Ханс Кобензл, австриски витез од Картен, одлучил да го обнови во ренесансен стил. Ова е замокот кој посетителите го гледаат денес. Покрај тоа што е отворен за јавноста, замокот исто така одржува разни културни настани секоја година, вклучувајќи го и годишниот витешки турнир на Еразем.

Сподели на Facebook
пати видено