За жал во изминатите години се појавија многу трогателни фотографии во кои суровоста на војните и луѓето се главна тема. Колку и да сакаме овие фотографии не можат да се избришат како и ужасните настани кои ги опишуваат, но на животот не треба секогаш да се гледа во црно-бело, а така мисли и Моршед Мишу од Бангладеш кој даде позитивна верзија на фотографиите кои предизвикуваат тага.

Неговите илустрации ги нарекува „Предизвик на среќата“, во прилог на „10-годишниот предизвик“, но во овој случај предизвикот е да се стремиме да создадеме општество без војни и немири, каде што нашите деца ќе имаат мирно и безгрижно детство.

Сподели на Facebook
пати видено