Тасили е огромна планински венец во јужен Алжир, протегајќи се од границата со Нигер и Либија на исток, до Амгвид на запад, покривајќи површина од 72 000 километри квадратни. Илјадниците години на променлива сахарска клима и ерозии создале восхитувачки геолошки одлики со високи кули од седиментен камен, длабоки кањони и повеќе од 300 природни сводови.

Но, кога во 1930-тите светот дозна за Тасили н` Аџер, тоа не беше поради неговиот раскожен пејзаж, туку поради скапоцената збирка на карпеста уметност во областа. Оттогаш биле откриени над 15 000 петроглифи и слики кои претставуваат 10 000 години човечка историја и промени на природната околина. Една од најзабележителните одлики на овие петроглифи е начинот на кој еволуирале со климатските промени, но исто така, значајно е и тоа што, како и секоја уметност, овие дела го одразувале начинот на живот и општеството на луѓето кои живееле тука во различни периоди.

Најстарата уметност припаѓа на т.н. „Период на дива фауна“ (10 000 – 6 000 години пр. н.е.) кој се состои речиси целосно од издлабени цртежи на диви животни како нилски коњи, крокодили, слонови, жирафи, носорози, отсликувајќи го изобилството на живот во времето кога Сахара била зелено и плодно земјиште. Луѓето се прикажани како џуџиња во споредба со овие животни и често во рацете држат бумеранзи, стапови, секири и лакови и стрели.

Со оваа ера се поклопува Периодот на заоблени глави (8 000 – 6 000 г. пр. н.е. во текот на кој доминантни стануваат фигури со облека богата со детали. Некои од овие фигури сугерираат шамански дејствија.

Пред 7 000 години во уметноста почнале да се појавуваат домашни животни. Овој период е познат како Пасторален период. Карпестата уметност ја осликува промената на луѓето кон природата и сопственоста. Човечките фигури се поизразени, и луѓето веќе не се претставувани како дел од природата, туку над неа.

Тасили Н`Аџер лежи 500 метри над нивото на пустината и до висорамнината може да се стигне само пеш.

kp01 kp02 kp03 kp04 kp05 kp06 kp07 kp08 kp09 kp10 kp11 kp12 kp13 kp14 kp15 kp17 kp18 kp19 kp20 кp16

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено