Денес кога ќе помислиме на операција, помислуваме на лекари кои работат во стерилни средини, користат ситни инструменти на анестезиран пациент. Но не било секогаш така. Раните хируршки техники, вклучувале шиење на модринки и лацерации, ампутирани екстремитети, цедење на крвта и предизвикување на отворени рани. Сепак, најстарата медицинска процедура, за која што има докази е еден вид на операција на мозокот, наречена трепанација.

Трепанација е хируршка интервенција која се користи за лекување на здравствени проблеми поврзани со интракранијални заболувања. Тоа подразбирало отстранување на дел од коскената структура што го опкружува мозокот, черепот. Практиката на трепанизација вклучува дупчење или стружење на дупка во черепот за да се открие дебелата мембрана која го опкружува мозокот и чија што функција е да го заштити мозокот од повреда.

Денес се верува дека трепанацијата за почнала во Перу, домот на некои од најзабележливите примери на кранијални деформации пронајдени во светот. Но исто така низ целиот свет се откриени илјадници черепи кои покажуваат јасни знаци на трепанација. Оваа древна пракса била проширена низ цела Европа и Русија, во Африка, Полинезија, Кина и во Јужна Америка. Во некои домородни култури, се уште се врши денес.

Проучувањето на трепанацијата започнало во Франција, кога во 1685 година францускиот бенедиктински монахот Бернар де Монтфаучеон открил череп со дупка во него. Неговото откритие било занемарено се до 1816 кога Александар Франсоа Барби го открил вториот череп.

Истражувањето покажало дека дупката не настанала со повреда туку со „хируршка процедура“, која се одвивала на живи пациенти, а голем дел од нив и преживеале. Сите черепи датирале од времето на неолитот пред околу 4.000 – 5.000 години. Во една гробница во Франција се пронајдени 120 праисториски черепи, од кои на 40 била извршена трепанација.

Од черепите, повеќе од 80% од сите поединци кои добиле трепанација за време на неолитскиот период живееле со месеци, а ако не и со години по постапката. Ова е потврдено од страна на количина на зараснување и калциум околу местото на трепанација. Ако не се забележи никаков знак за зараснување, се претпоставува дека поединецот починал за време или веднаш по операцијата.

Најстар пример на трепанација е пронајден во Украина и датира од 5100 – 4900 п.н.е. Черепот кој што бил пронајден му припаѓал на маж кој не еднаш, туку два пати „бил под нож“ и преживеал. Чудно е тоа што кога трепанацијата била вршена на луѓето во 18 и 19 век смртноста кај пациентите била 100%. Не може точно да се утврди на кој начин и зошто луѓето од неолитот ја вршеле трепанацијата и како нивните пациенти останувале живи.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено