Студент оди на испит по географија.
Си влече прашање и му се паѓа да зборува за Вардар. Студентот седнува пред професорот и започнува:
– Вардар е најдобриот македонски ракометен тим и европски првак во ракомет во сезоната 2016-2017…
Професорот нервозно го прекинува, му го зема индексот, му пишува 5-ка и го брка од кабинетот.
Колегите надвор го прашуваат:
– Колега, како беше на испит? Тешки ли се прашањата?
– Не бе колеги, гола вода се, основни работи, само пазете, професорот е за Металург.

Сподели на Facebook
пати видено