На интернет се појавија фотографии со мутирано прасе од Камбоџа, при што сериозно деформираното животно личи на хибрид помеѓу слон и свиња. Прасето, коешто се родило во Прамај, во западниот дел на Камбоџа, е розево со долга муцка којашто наликува на сурла, и големи виснати уши како на слон. Животинчето е слабо, куцо и не може да ги отвори очите, и страда од редица други сериозни телесни деформитети. Во 2014 сгодина се родило слично такво прасе и во Кина, коешто преживеало само неколку часа, бидејќи се родило без уста. Сточарот кај кого се родило го замрзнал за да го зачува како доказ дека такво животно навистина постоело. Во 2010 година во Кина се родило друго такво прасе, коешто имало „сурла“ на врвот на главата и слични уши. На што се должат овие мутаци, допрва претстои да се утврди.

pr01 pr02 pr03 pr04 pr05 pr06 pr07

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено