Бил Мареј е икона, никој не го негира тоа. Освен на екранот, тој својата смисла за хумор ја претставува и во живо и никој не може да одолее на неговите смешни, но креативни идеи.

Неодамна изјави дека се пријавил да работи во кинески ресторан за да се „одмори“ од актерството, но ова не е единствениот пат кога тој сакал да избега од моменталниот живот и неговите бегства се прилично оригинални.

Во времето кога актерот поминувал низ развод бил во многу лошо расположение и скоро никој не можел да комуницира со него. Еден ден добил предлог од филмската екипа да си најде личен асистент, за да не мора да се оптоварува со секојдневните работи, а на луѓето кои им е потребен полесно ќе доаѓаат до него.

Така, тој ангажирал личен асистент кој бил длабоко глув, немал орален говор, зборувал само американски знаковен јазик, кој Бил не го зборувал, ниту пак некој друг од продукцијата.

Но Бил им кажал: „Без гајле ќе научам знаковен јазик“. Сепак поминале неколку недели и Бил се откажал од идејата бидејќи му била премногу „несоодветна“.

Сподели на Facebook
пати видено