Новинарите на ТВ во живо со Андреј Малахов спроведоа своја истрага и открија колку чинат услугите за придружба на популарната блогерка Кира Мајер. Моделот на Инстаграм беше поканет во ТВ-студиото, каде прикажаа видео снимено од скриена камера. Таму, девојката не само што зборува за нејзините интимни услуги, туку и се соблекува.

Во студиото на преносот во живо на Андреј Малахов, Мајер рече дека таа го менува автомобилот еднаш на секои три години, а нејзиниот последен автомобил чинел околу пет милиони рубли (слично со денари). Според блогерката, сите нејзини трошоци ги покривал одреден маж, но таа не кажува кој е тоа.

Веднаш после тоа, на екранот се појави видео со директно учество на самата Кира Мајер. На снимката од скриената камера стана јасно дека девојката е во станот, а до неа е маж – вработен во телевизијата, кој се претставувал како шеф на компанијата. „Директорот“ се договорил да вечера со девојката. Вечерата ја договориле агентите на „Директорот“, а девојката побарала 1500 долари за тоа. Зборувајќи со вработениот кој договарал, моделот на Инстаграм детално зборува за интимните услуги што таа ги дава.

Откако го пуштија видеото, Кира Мајер реши да го напушти студиото.

Сега ви е јасно зошто ги викаме инстатутки.

Сподели на Facebook
пати видено