Пожарникарите од Индијана одвоија време од борбата против пожарот во магацинот за да спасат две необични жртви кои случајно се нашле заробени на покривот на зградата во пламен.

Пожарникарите поставија скали за по нив да можат да се спуштат двајца ракуни, кои некако се нашле во магацинот. Децата навиваат додека двете животни се спуштаат по скалите и бегаат на безбедно. Пожарникарите покажаа дека сечиј живот е важен и вреди да се спаси.

Сподели на Facebook
пати видено