Бувовите се величествени ноќни птици кои не потсетуваат на мудрост, хорор филмови и бајките на браќата Грим. Бидејќи е пологично оваа птица да се види во вечерните часови пожарникарите се збуниле кога забележале како „скока“ на сред опожарено поле за време на големиот пожар Марија, кој округот Вентура. Било среде бел ден, тој се движел низ пепелта и не можел да си го најде домот за да може да одмори.

Пожарникарите кои го нашле бувот рекле дека бил многу смирен и им дозволил безбедно да го завиткаат во јакна за да не се повреди. Но и да не сакате тоа да го видите изразот на бувот кажува сѐ. Тој не изгледа премногу воодушевен од спасувањето и како да сака да каже: „Носете ме да си поспијам“. Птицата била однесена во засолниште за животни каде што ќе биде пуштена на слобода откако условите ќе бидат безбедни.

Сподели на Facebook
пати видено