Ако вашето куче се заглави во заледена вода, секогаш се советува да не одите по него. Ова видео од Полска точно покажува зошто е најдобро спасувањето да им се препушти на експерти. Снимката направена во декември прикажува црн лабрадор кој се држи за мразот. Кутрото кученце случајно паднало во смрзнувачки студената вода. За среќа, набрзо било спасено благодарение на пожарникарите, коишто се сетиле на генијален начин како да го спасат кучето пред тоа да умре од студ. Еден храбар пожарникар спушти скала на мразот и со помош на стап со кука го зафати коланот на премрзнатото кутре.

Сподели на Facebook
пати видено