Никола и Марија, имаа убав дом и две прекрасни деца. Никола имаше убава работа и требаше да оди на службено патување во друг град и да биде отсутен неколку дена. И Марија имаше некоја работа таму и одлучи да одија да одат заедно. Тие изнајмија жена од доверба да се грижи за децата, и отидоа на пат. Се вратија дома малку порано отколку што планираа.

Приближувајќи се дома, со убаво чувство бидејќи се враќаат, тие забележаа чад од правецот на својот дом. Брзо се приближија да видат што се случува и за нивна среќа не гореше нивната куќа туку некоја друга. Марија рече:

„Ох, па не гори кај нас, ајде да си одиме дома.“
„Оваа куќа му припаѓа на Јован Николов кој работи во фабриката. Тој е сеуште на работа, можеби можеме нешто ние да сториме.“ – рече Никола.
„Ама нема никаква врска со нас,“ – приговараше Марија.
„Имаш убави алишта на тебе, ајде не се приближувај повеќе.“

Но, Никола се приближи и застана, и двајцата беа ужаснати гледајќи ја цела куќа како гори. Се појави една жена викајќи хистерично:

„Децата! Спасете ги децата!“

Никола ја фати за рамо и ја праша

„Приберете се и кажете ни каде се децата.!“
“Во подрумот,“ липаше жената,“ доле во ходникот па лево.“

И покрај приговорите на Марија, Никола грабна едно црево со вода, си ги натопи алиштата, си стави мокра крпа на главата и отиде во подрумот кој беше полн со чад и оган. Тој ја најде вратата и ги грабна двете деца, држејќи ги двете под раце, како некој рагби играч. Тој ги однесе двете исплашени, скоро задушени деца, си ги наполни белите дробови со воздух, и праша уште колку деца има доле. Му одговорија дека има уште две деца но Марија го фати за раката и извика:

“Никола, не се враќај назад! Тоа е самоубиство! Таа куќа ќе експлодира секоја секунда!“

Но тој ја оттргна и замина надоле чувствувајќи го чадот како ја исполнува собата. Изгледаше цела вечност додека ги најде двете деца и да се врати. Сите тројца кашлаа и тој подзастана да земе колку што може повеќе воздух.

Сопнувајќи се на последните скали, му помина мисла дека нешто многу познато му делуваат овие две деца кои ги држи, и кога наскоро излегоа на дневна светлина и свеж воздух, тој откри дека штотуку ги спасил сопствените деца.

Бејбиситерката ги оставила во оваа куќа додека таа отишла да пазари.

Пет минути помош е подобро, отколку десет дена сочуство.

Сподели на Facebook
пати видено