Пензионерка од Ирска која била одгледана во сиропиталиште, ја посети својата 103-годишна мајка по прв пат, откако генологист ѝ помогнал да ја пронајде по долги децении трагање.

81-годишната Ејлин Мекен израснала во домот за деца без родители во Даблин и таа не знаела ништо за мајката која ја оставила како бебе.

Меѓутоа по 61 година помината во потрага по биолошката мајка со помош на програмата Liveline, Ејлин ја изненади својата мајка Елизабет со посета во Шкотска.

Откако ја прегрнала 100-годишната жена Ејлин рекла: „Не можете да знаете како се чувствувам сега. Јас сум толку среќна.“ Нејзината мајка Елизабет имала 22 години кога ја родила Ејлин во август 1937 година во Даблин. Во тоа време бебињата родени надвор од брачната заедница биле најчесто давани на посвојување. Така Ејлин завршила во дом за сираци до својата 17 година.

Ејлин отпатувала кај својата мајка заедно со 82-годишниот сопруг Џорџ и една од своите ќерки. Таа се плашела дека нема да ја прифатат бидејќи ќе ја најавила посетата, но вели дека тие се прекрасни луѓе и дека се поминало во одлична атмосфера.

Таа дознала и дека има двајца полу-браќа и дека планира и со нив да остане во контакт. Ејлин која е мајка на 3 деца, вели дека е најсреќната жена на светот, бидејќи имала таква можност да ја запознае својата мајка после толку долги години.

Сподели на Facebook
пати видено