Експертот за отстранување на бомби, Шон Ладлоу, од Англија, направил две патувања во Авганистан во своите 10 години служба со Кралските инженери пред да се врати во воени зони како експерт за отстранување на бомби. 30-годишниот Шон во февруари оваа година, на работното место запознал пријател кој му го променил животот.

Додека проверувале училиште уништено од бомба во Сирија, Шон пронашол мало кученце, кое било единственото преживеано од неговите браќа и сестри. Тој не можел да го остави кутрото животно и затоа го земал со себе во базата и му го дал името Бери.

Тој сега за кучето вели: „Многу луѓе сметаат дека јас му го спасив животот на Бери, но всушност тој го спаси мојот. Работите во воена зона се враќате во кампот да седите сам во соба.

Кога имаш друштво за игра и тренинг на момент заборавате на ужасите кои се случуваат околу вас. Тоа ми даде доза на ‘нормалност’, кучето ми помогна да го зачувам здравиот разум. Тоа беше со мене секој ден, јадеше со мене, работеше со мене, се возеше со мене.“

Но, кога требал да се врати дома од Сирија Шон чувствувал олеснување, но и болка, затоа што требал да го остави Бери. Кога се вратил побарал помош од хуманитарни организации кои ќе му помогнат да го донесе кучето во Англија. И за среќа успеал во тоа.

Бери и Шон повторно се сретнале на аеродромот во Париз, а потоа со автомобил допатувале во Англија. Кучето требало да пристигне во Англија во октомври, но поради недостаток на документи патувањето било одложено.

Шон вели дека малку се плашел затоа што поминал подолг период и мислел дека Бери нема да го препознае, но бил пресреќен кога на аеродромот сфатил дека кучето воопшто не се променило, освен, секако во раст.

Поранешниот војник сега поседува своја сала за вежбање и изјавил дека повеќе не планира да го остава Бери сам и дека ќе го носи со него, каде и да оди.

Сподели на Facebook
пати видено