Речиси 1200 години по изградбата на Големата пирамида во Гиза, околу 1346 г. пр.н.е. на дотогаш недопрен локалитет бил изграден цел еден град, по наредба на фараонот Аменхотеп IV – кој подоцна станал познат како Ехнатон. и иако се наоѓал на средина помеѓу Каиро (Гиза) и Луксон, на источниот брек на реката Нил (сега на тоа место е египетската провинција Минија), градот вдахновувал и привлекувал различни слоеви на египетската елита, со оглед на тоа што бил посветен на Атен, соларно божество кое од фараонот било прогласено дека е над сите други божества во египетската митологија. Во суштина, Ехнатон прогласил монотеистички (или можеби хенотеистички) религиски систем низ цел Египет, при што централна фигура во религиското верување станал богот Атен. Оваа радикална промена имала длабоки ефекти врз египетското општество, и на крајот резултирала со враќање на традиционалниот систем на многубоштво, а наследството на Ехнатон по неговата насилна смрт било целосно избришано од неговите наследници.

am3d

Но, иако Ехнатон бил „официјално“ дискредитиран по неговата смрт, неговите наследници и подоцнежните династии не можеле целосно да го избришат тоа што останало после него. Тоа е така затоа што, исто како и неговото радикално мислење за египетската религија, градот Амарна се одликувал со револуционерна архитектура. На пример, повеќето од храмовите биле изградени без покрив, со тоа симболично дозволвајќи им непрекинато минување на зраците на богот Сонце кон неговите поклоници во храмот. Но, уште поважно, многу од монументалните градби биле изградени со употреба на стандардизирани тули познати како талатати, наместо разновидни огромни камени блокови. Така, иако градот Амарна подоцна бил збришан од лицето на земјата од подоцнежните традиционалисти, неговите интересни архитектонски особености го привлекле вниманието на историчарите и археолозите, што резултирало со зачувување на наследството на Ехнатон.

Врз основа на тоа, експерти од Археовизија направиле дигитална реконструкција на кралскиот град Аварна, со неверојатно детализирана 3D техника. Погледнете ја дигиталната реконструкција и вие, и направете една виртуелна прошетка низ древниот египетски град.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено