Постои една стара приказна за глупав селанец кој бил поканет во домот на неговиот стопан. Стопанот го однел во неговата работна соба и му понудил супа, но кога почнал да јаде селанецот забележал една мала змија во чинијата. Тој не сакал да го навреди стопанот и затоа продолжил да пие од супата. По неколку дена се чувствувал толку лошо што се вратил во куќата на стопанот.

Стопанот повторно го однел во работната соба и приготвил смеса од неколку лекови во мала чинија и му дал на селанецот да ги испие. Селанецот само што почнал да пие од лекот кога повторно забележал уште една змија во садот. Овој пат тој бил целосно сигурен дека тоа е причината за болеста и му кажал на стопанот.

Стопанот почнал да се смее на сиот глас и му покажал со раката кон плафонот, од кој висел голем лак. „Тоа е само одраз од лакот. Нема змија. Таа е во твојата глава.“, одговорил стопанот.

Селанецот погледнал во плафонот и сега бил сигурен дека немало змија во неговата чинија, туку тоа бил само одраз. Тој ја напуштил куќата без да го зема лекот и се опоравил следниот ден.

Ограничувањата кои живеат внатре во нас, понекогаш се толку силни што ни изгледаат како отровни змии, кои можат да не разболат или дури убијат. Не дозволувајте да Ве водат заблудите, туку внимателно разгледајте ги работите, такви, какви што се.

Сподели на Facebook
пати видено