Сите ја знаеме историската страна на животот на Александар Македонски, но оваа поучна приказна ни отвора нов прозорец кон мудроста на еден од најголемите ликови во светската историја.

Кога требало Александар да тргне од Индија назад кон Македонија, се сетил дека македонскиот народ барал да им донесе Јоги(мудрец кој практикува јога) за да ги благослови. Александар не можел да го одбие својот народ и решил да им ја исполни желбата. Му кажале дека Јоги може да се најде во шумата.

Веднаш откако влегол во шумата, под едно дрво забележал еден Јоги во длабока медитација. Александар трпеливо го чекал, се додека мудрецот не ги отворил очите. Мистична светлина блескала помеѓу нив. Тогаш Александар одлучно му рекол “Ќе ти дадам се што ќе посакаш, но те молам тргни со мене во Македонија. Мојот народ многу сака да те запознае!”. Јоги тивко му одговорил, “Немам потреба од ништо, среќен сум каде што сум сега”. Оваа му било прв пат на Александар некој да го одбие, гневот веднаш го обземал, го извадил мечот и рекол, “Дали знаеш со кого разговараш? Јас сум кралот Александар Македонски, ако не ме послушаш ќе те убијам”.

Мудрецот продолжил “Велиш дека си крал, но ти всушност си роб на мојот роб”. Александар се збунил од овој одговор и побарал појаснување. Тогаш со нежен и чувствителен глас, Јоги му објаснил “Јас го надминав гневот. Гневот е мојот роб . Гледаш колку лесно му се предаде на гневот? Ти си роб на гневот и затоа си роб на мојот роб!”

Оваа поучна приказна ни кажува како гневот делува деструктивно на нашиот дух и на луѓето околу нас. Ако го совладаш гневот, многу полесно и потресвено ќе можеш да се соочиш со проблемите околу тебе.

Сподели на Facebook
пати видено