Во некој момент во секоја врска, или брак, има ситуации кога се чувствува незадоволство кај партнерите. Можеби едноставно не го изнеле ѓубрето иако ветиле така, или пак повторно се враќаат доцна за вечера иако ви кажале дека сакаат да намалат со работата.

Сепак работите не се црно-бели и секогаш треба да ја погледнете „целосната слика“. Сликата и приказната подолу, иако е кратка е совршен пример за тоа како менувањето на вашето гледиште, може значително да ги подобри односите со партнерот.

Мажот не знае дека има змија под карпата. Жената не знае дека има камен врз мажот.

Жената си мисли: „Ќе паднам! Не можам да се качам затоа што змијата ме гризнува. Зошто мажот не искористи повеќе сила за да ме крене.“

Мажот си мисли: „Чувствувам голема болка! Сепак влечам колку што можам за да не ја пуштам! Зошто не се помачи и да почне самата да се искачува?“

Поуката е: Не можете да видите под каков притисок е другата страна и другата страна не може да види каква е вашата болка. Таков е животот, без разлика дали станува збор за работата, семејството, пријателите, чувствата, треба да се обидете да се сфатите едни со други, да научите да размислувате различно, да мислите еден на друг и да комуницирате подобро.

Сподели на Facebook
пати видено