Кевин Ли ќе влезе во историјата како човекот кој инвестирал најмногу во видео игри. 45-годишниот маж од Сакраменто успеал да подигне повеќе од 4,8 милиони долари, искористувајќи ги кредитните карти на своите клиетни. Додека да го фатат, тој веќе потрошил повеќе од 800 000 долари за да купи премиум предмети во играта „Game of War“. Останатиот дел од парите го потрошил на купување најскапи билети за спортски настани, луксузни автомобили, пластична хирургија и скапи забави.
Раскошниот живот траел околу седум години. Кевин ја признал својата грешка и ја признал својата вина по однос на сите обвиненија, по што добил казна затвор од дваесет години. Адвокатите сепак се надеваат дека нема да лежи толку долго во затовр, бидејќи ветил да соработува со властите за разни проневери и затајувања на данок.