Човек од Њу Џерси кој е обвинет за сексуално злоставување на жена за време на летот од Индија до Њуарк напишал порака во која се извинува за својата постапка. „Постапив глупаво“, пишува тој. Ганеш Паркер бил уапсен веднаш по слетувањето на аеродромот во Њуарк во среда поради тоа што сексуално злоставувал жена за време на 14-часовниот лет.
Обвинителите велат дека четириесетгодишникот намерно се преместил од неговото поскапо седиште за да седне крај жена во економската класа. За време на летот жената се будела неколку пати, при што видела дека покривката ѝ е повлечена надолу. На крајот се разбудила кога Паркер почнал да ја допира по градите. На Паркер, кој инаку е индиски граѓаин кој живее во Виндзор, Њу Џерси, му било наредено да се врати на своето место, но пред да слета авионот преку персоналот на жената ѝ испратил порака во која се извинува за неговата „глупавост“.
Во вторник ќе треба да се исправи пред суд за својата постапка.