Родителите, се тука за да не облечат, да не хранат и бездруго, да не посрамат. Шеснаесет години е особено зрела возраст за посраменост од родителите, а така се чувствувал и Рејн Прајс од Јута, САД. На првиот училишен ден кога тој се качил во автобусот на прагот стоел неговиот татко Дејл и му мафтал.
Ова го посрамило Рејн и ја молел неговата мајка Рошел да го спречи Дејл да го направи тоа повторно. Но, погодете кој ги слушнал?
Од Малата сирена до „блескава“ невеста погледнете ги подолу едни од најдобрите модни моменти на Дејв.
На разочарување на Рејн и на задоволство на Дејл, не само што таткото одлучил да му мафта на синот секој ден кога оди на училиште, туку одлучил тоа да го прави во костим. Но, ова не било само еднократен инцидент, Дејл се облекувал во различни костими секој ден во сите 170 училишни денови.
„Кога го направи тоа првиот ден бев во шок, не сакате да го видите вашиот татко облечен во венчаница, како мафта кон автобусот.“, вели Рејн, на што татко му додава: „Јас се надевам дека ова ќе живее со него до крајот на неговиот живот.“
Дејл станал познат како „Таткото кој мафта на автобусот“ и самиот смислувал многу смешни костими кои никогаш не ги повторувал. Тој потрошил само 50 долари во текот на целата година во изнајмување на костими, а голем дел од костимите му ги позајмувале пријателите и семејството.


























