Во видеото е прикажан неодоливиот момент во кој послушното куче си ги собира играчките пред да се подготви за спиење во неговиот дом во Ланкашир. Сопственичката Давина Гипсон го прашува Стафордот Џорџ: „Кој го направи овој неред?“, а потоа му кажува да си ги собере играчките. Тогаш Џорџ зема една по една играчка и ја враќа во бела пластична кутија.

Неговата сопственичка Давина вели: „Џорџ е многу корисно куче кое е желно да извршува голем број на домашни задачи (освен оваа во видеото), за да ми помогне на мене, бидејќи страдам од ужасни болки во грбот.“ Џорџ дури знае дека „ух ох“ значи дека тој ја промашил кутијата. Откако ќе заврши со чистење Џорџ оди да ја вклучи ламбата за да се подготви за спиење. Потоа се враќа да скокне кај својот сопственик пред да се повлече веднаш кога тоа е побарано од него.

Сподели на Facebook
пати видено