„Само сакам да одам кај тебе. Те молам, однеси ме каде што си. Моите чувства кон тебе не можам да ги заборавам во овој свет и мојата тага не знае за ограничување. Каде ќе го ставам моето срце сега и како можам да живеам со детето на кое ќе му недостасуваш… Кога ќе се роди детето во мене, кого ќе го нарече татко?“ Ова се некои од последните, трогателни зборови на една бремена жена, кои лежеле на градите на нејзиниот починат сопруг, речиси половина милениум.

Поетското и интензивно емотивно писмо било пронајдено на мумифицираното тело на Еунг-Тае, член на древниот корејски, „Госеонг Ји“ клан, додека не било откриено во Андонг Сити, Јужна Кореја во 1998 година. Писмото било упатено до „Таткото на Вон“ и било преведено на англиски јазик веднаш по неговото пронаоѓање.

До главата на мумијата завиткани во хартија се наоѓал пар папучи вткаени од косата на жената која го напишала писмото. На хартијата пишувало: „Со мојата коса ги ткаев, уште кога можеше да ги носиш.“ Ова можеби изгледа како необичен подарок за починат човек, но во корејската литература се застапени подароци од ваков вид и се симбол на љубовта и надежта за опоравување од болест. Иако вистинската причина за смртта на овој човек останува непозната, се чини дека не успеал да се опорави.

Бидејќи авторот на писмото е анонимен, многу малку се знае за оваа жена. Но, благодарение на натписите на гробниците археолозите дознале дека нејзиниот сопруг се викал Еунг-Тае, и бил член на „Госеонг Ји“ клан. Исто така откриле дека бил натпросечно висок за мажите во таа област, имал темна брада и според одредени карактеристики бил „убав“ маж. Причините за неговата смрт се уште не се познати.

Телото на Еунг-Тае било добро сочувано благодарение на тоа што било ставено во дрвен ковчег кој бил запечатен во бетон. Исто така во писмото сопругата барала од својот сопруг да ја посети во соништата бидејќи имала многу работи кои сака да му ги каже.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено