Домородното племе Сентинелци, живееле на островот Северн Сентинел во Индискиот Океан уште пред  60.000 години наназад. Се верува дека Сентинелците се директни потомци на првите луѓе кои дошле од Африка. Снимките се направени од надворешни посетители кои во неколку наврати се обиделе да им се доближат. Жителите на племето најчесто биле непријателски настроени и употребувале огнени стрели и камења во нивна одбрана.

Првите снимки датираат од 1960 година, а последните од 2006 кога двајца рибари биле убиени од сентинелските жители.  Во 1969 година, Владата на Индија испратила група предводена од антропологот Т.Н. Пандит. Припадниците од племето ги заробиле веднаш по доаѓањето со нивните чамци. Тие почнале да извикуваат неразбирливи зборови и  групата била ослободена откако неколку жени од племето дале сигнал и племето се повлекло. Оттогаш Владата на Индија се откажува од обидите да стапи во контакт со нив.

Уште еден обид  е направен по цунамито во 2004 година, кое погоди неколку региони во Индискиот Океан. Од Индија беа пратени неколку хилихоптери со цел да им се помогне на жителите. Беа фрлани пакети и вреќи со храна врз островот, но и тоа помина безуспешно, откако еден од припадниците се обиде да го погоди хилихоптерот со огнена стрела.

Островот Северен Сентинел е еден од групата Андамски Острови во Бенгалскиот Залив, во Индискиот Океан. Со површина од околу 47,5 квадратни километри,  островот е прекриен со корални гребени и шумски површини.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено