Повеќе од 30 години Нирџа Банот е олицетворение на храброст и посветеност. Оваа кревка убава девојка спаси повеќе од 300 луѓе од смртта и почина херојски од рацете на терористите. На 23-тиот роденден на Нирџа, нејзините родители добиле ковчег со својата ќерка во него.

Нирџа е родена на 7 септември 1963 година во Индија. Веќе на 16 години, благодарение на нејзиниот извонреден изглед, таа била модел и лицето на многу локални брендови. Сепак, убавината не ѝ станала гаранција за среќен брак: 2 месеци по свадбата, мажот, незадоволен од миразот, ја вратил Нирџа на нејзините родители. Тогаш 21-годишната девојка решила да стане стјуардеса и лесно го помина прелиминарниот избор во Pan American, а потоа ја добила квалификацијата на постара стјуардеса.

5 септември 1986 година

Првиот лет на Нирџа како постара стјуардеса требал да следи од Мумбаи до Њујорк со слетувања во Карачи и во Франкфурт. Запирањето во пакистанскиот Карачи се случило во 5 наутро. Сите врати на авионот биле отворени кога камион со четири терористи од организацијата Абу Нидал дошол на пистата. Тие ги застрелале луѓето надвор и го киднапирале авионот. Речиси 400 луѓе биле заробени.

Нирџа успеала да ги предупреди пилотите и тие ја напуштиле кабината следејќи го протоколот. Така, терористите ја изгубиле можноста да го кренат авионот во воздух и да го испратат до Кипар, со цел да ги ослободат палестинските затвореници. Напаѓачите биле бесни и во првите минути застрелале американски државјанин и го фрлиле телото надвор од авионот, барајќи да им дадат пилот.

Подвигот на Нирџа

22-годишната Нирџа како постара стјуардеса била надлежна за авионот. Терористите побарале да се соберат сите пасоши на патниците, за да ги убијат сите американски државјани. Нирџа им ги сокрила пасошите на Американците под седиштата. Покрај тоа, на патникот кој седел до вратата му дала лист со упатство како да ја отвори.

Речиси 17 часа подоцна, светлата во авионот се изгаснале. Напаѓачите паничеле и почнале да пукаат на сите страни и фрлале гранати со цел да ги убијат сите патници. Искористувајќи ја збунетоста, Нирџа отворила една врата и почнала да им помага на патниците да излезат. Друга стјуардеса и човекот на кој му го дала упатството отвориле уште две врати од каде што излегувале патниците. Во исто време, пакистанската армија почнала да го напаѓа авионот.

Нирџа можела да го напушти авионот, но таа одлучила да спаси што е можно повеќе патници.

Под седиштата видела три деца и речиси ги донела до излезот кога терористите ја забележале, таа за да ги заштити застанала пред нив и била ранета. Нирџа починала на патот кон болницата во Карачи. Сите три деца биле спасени. Едно од нив имало само 7 години и денес тој е пилот, бидејќи се надева дека на овој начин ќе ѝ оддаде почит на Нирџа која му го спасила животот.

Споменот на Нирџа

Тој ден загинале 20 луѓе, но благодарение на Нирџа и другите членови на екипажот многу од нив биле спасени. Постхумано и бил оделен орденот Ашока чакра и таа била првата жена и најмладата личност која го добила овој орден. Во чест на храбрата девојка по неа биле именувани училишта и универзитети, а во 2004 година поштата на Индија издала марка во нејзина чест. Во 2016 година бил снимен и филм.

Сподели на Facebook
пати видено