За време на Виетнамската војна, војската на САД испуштила хербицид-дефолијант наречен Агент Оренџ врз виетнамските џунгли со цел да ги уништи шумите во кои се криеле герилците. Но, последиците од хемикалијата имале сериозни последици врз Виетнам. Се проценува дека од неа биле заразени над 4.8 милиони луѓе, стотици илјади од нив починале, а милиони други, вклучувајќи ги и нивните потомци живеат со последици предизвикани од отровните хемикалии.

Според мене, фотографијата може директно да предаде добри пораки на секого и е како мој личен дневник. Патував на многу места за да го овековечам секојдневниот живот на луѓето околу мене. Со безбројните слики за виетнамскиот народ кои ги направив, јас сум навистина задоволен од резултатот. Би сакал да ви раскажам за животната приказна на една енергична девојка која е родена како инвалид, како последица на штетните материи испуштени во војната.

Во едно сиромашно семејство на север во мојата земја Виетнам, има една мала куќа кадешто живее младата девојка Нгујет. Таа е една од многуте луѓе коишто има последици после војната. Била родена без раце, и поради тоа научила своите секојдневни активности да ги врши со помош на своите нозе. Таа сонува да има мала куќа во којашто ќе живее независно и ќе има мирен живот во селото.

Нгујет живее заедно со своите родители во селото Вин Фук. Таа може да врши секојдневни домаќински работи и да се грижи за децата на нејзините браќа и сестри. Кога има слободно време, често чита книги и користи и интернет за да го прошири своето знаење.

Нгујен Ву Фуок

v01 v02 v03 v04 v05 v06 v07 v08 v09 v10

Сподели на Facebook
пати видено