По 18 години брак, родителот број 1, кој сега не сака да го каже своето машко име, ѝ кажал на својата сопруга Шоко Вудс дека се гледа себеси како жена и има намера да го промени полот. Најпрво, жената била шокирана, но по долго размислување, сфатила дека „секогаш била врзана за личноста на нејзиниот сопруг, а не за неговиот пол“ и дала зелено светло.

Хормонската терапија, трите операции за промена на полот, изгледот и гласот чинеле 67,5 илјади долари – за тато од Нов Зеланд да стане плавушата Натали.

Сега 36-годишната Шоко и 42-годишната Натали се во потрага по маж, кој ќе сака да стапи во полигамен брак со нив. Тие имаат правило: Ако некој има афера на страна, тогаш тоа не е вредно за внимание, но ако се појави нешто сериозно, тогаш да го запознаат дотичниот со другата сопруга и да имаат триаголна врска.

Сподели на Facebook
пати видено