Бродот Есмералда бил дел од флотата на Васко Де Гама, а капетан на бродот бил неговиот вујко Винсент Содре. Во 1503 година бура го потонала бродот Есмералда и целиот екипаж загинал. Нуркачите пронајдоа повеќе од 2800 артефакти меѓу кои и една уникатна паричка која била направена од кралот Дом Мануел I, за тргување со Индија. Васко Де Гама бил истражувач и морепловец од Португалија, првиот човек кој открил морски пат од Европа до Индија, тотално избегнувајќи го Патот на свилата кои минувал низ тогашната отоманска империја.

Сподели на Facebook
пати видено