Ајибола Таиво и нејзиниот сопруг Адебоје Таиво и посакале добредојде на својата шесторка на 11ти мај. На ултразвукот се слушале 4 срца, а добиле 6. Тим од 40 лекари помогнале да се донесат на свет со царски рез овие новороденчиња. Овие двајца родители добиле 3 девојчиња и 3 момчиња. Мајката е пуштена од болница а бебињата сеуште се во инкубатор.

Ајибола и Адебоје 17 години сакале да добијат свое дете и биле пресреќни кога Ајибола останала трудна. Нејзината бременост била многу ризична и поради тоа бил потребен тим од лекари кој константно ќе ја набљудува. Таа се породила предвреме и поради тоа предизвикот бил поголем.

„Најчесто се случува во една смена да имате еден или два случаи на прерано родени новороденчиња, но сега моравме да ја породиме жената со 6 прерано родени бебиња одеднаш, вели Сузан лани,“ лекар во болницата каде што се породила Ајибола.

Во светот на годишно ниво од вкупно родени 4 милиони бебиња само 24 се четворки или повеќе. Последната шесторка која што се родила пред овие бебиња била во 2013 година во Тринидад. Но подоцна само 3 од бебињата преживеале.

Сподели на Facebook
пати видено