Како ќе изреагирате кога ќе ви излезе дека вашите Фејсбук пријатели можат да ви ги видат порнографските навики ? PornHub со сурова шега за први април разбесни но и насмеа многу од нивните корисници.


Наградата за најдобрата првоаприлска шега за оваа година дефинитивно оди во рацете на PornHub. Тие предизвикаа мал срцев удар кај конзументите така што при секое кликање на некое нивно видео им излегувал попап прозорец на кој што пишувало дека видеото е успешно споделено на Фејсбук.


Да, PornHub предизвикал сите да помислат дека “прлавиот веш” го споделиле на нивниот Фејсбук, до тој степен биле сурови. Попапот бил навистина убедлив така што пишувало “Ви благодариме што споделивте, PornHub сега може автоматски да споделува видеа на вашите социјални мрежи. Нема потреба повеќе рачно да ги споделувате видеата со вашите пријатели и семејство, затоа што новата револуционерна опција го прави тоа за вас автоматски !”

Кога корисниците ќе кликнеле на “Избришете го ова веднаш” им излегувала пораката за први април. Многу од корисниците се преплашиле од овој подвиг, но и многу од нив на Твитер им честитале на креативноста и смислата за хумор.

Сподели на Facebook
пати видено