Тоа е нарушување кое погодува пет отсто од светската машка популација и има поразителни последици. Пејрониевата болест е абнормално искривување на пенисот за време на ерекција која може да предизвика закривеност до 90 степени. Се смета дека најчеста причина е повреда на пенисот при ерекција, но докторите сѐ уште не се сосема сигурни за точната причина, и покрај тоа што погодува милиони мажи низ светот, најчесто над 40-годишна возраст.

pb01

Според најновите анкети, ова нарушување има големи последици врз психичкото здравје на погодените лица, при што една шестина од нив страдаат од депресија, а четвртина имаат проблеми во врските, додека кај еден од секои десет ова било директна причина за целосно прекинување на љубовната врска. Трагично е тоа што секој четврти со ова нарушување вели дека веќе не е сексуално активен.

Но, докторите сметаат дека овие мажи сепак не треба да молчат за нивниот проблем, бидејќи како и со сите болести, дијагнозата е витален дел од лекувањето.

„Да молчите е најлошото нешто кое би можеле да го направите во таков случај“, вели д-р Биргир Гисласон. „Мора да дејствувате брзо! Во првите 18 месеци може да го повратите нормалниот облик на вашиот пенис, а ако не го сторите тоа, ризикувате да завршите со многу лош случај на нарушувањето, со искривеност од 90 степени, што е шокантно.“

Во историјата на медицината овој проблем за првпат е забележан кај францускиот крал Луј XIV во 1743 и според една од теориите ова се должи на некаков вид повреда, додека други експерти сметаат дека нарушувањето е наследно. Симптомите на Пејрониевото заболување се болка, искривеност при ерекција и тврди израстоци во мекото ткиво на пенисот.

Сподели на Facebook
пати видено