Џуџе кое како дете го злоставувале и исмевале вели дека кревањето тегови и објавувањето на разголени фотографии на Интернет му ја подобрило самодовербата и со тоа стекнал армија од обожавателки. Како тинејџер, 1,2 метри високиот Исмаил Ланаани бил сурово исмеван поради неговата висина. Насилниците го нарекувале „Џуџето од Сахара“ и му велеле дека никогаш нема да си најде девојка.

dz01 dz09

Но сега, модерниот 27 годишен Мароканец кој минува четири и пол часа во теретана неколку дена во неделата, вели дека неговата самодоверба пораснала бидејќи жените лудуваат по набилдани мускули, сукани мустаќи и хипстерски стил.

dz03

Тој секојдневно добива коментари од неговата легија обожавателки, и сега им враќа на неговите некогашни измачители.

„Ме нарекуваа ’џуџето од Сахара’ и ми велеа дека никогаш нема да си најдам девојка поради мојата висина, но јас можам да се справам со тоа што луѓето ќе го кажат“, вели Исмаил. „Можам да се бранам. Знам дека им се допаѓам на жените. Тие велат дека им се допаѓаат моите мускули, мојот стил и мојата брада.“

dz02

Исмаил се родил со џуџест раст и е единствениот во семејството со ова нарушување. Кога се родил, докторите ги предупредиле неговите родители дека тој можеби никогаш нема да прооди, но тој ги надминал лошите прогнози, правејќи ги своите први чекори на возраст од четиринаесет месеци – миг кој на неговата мајка и предизвикал солзи радосници.

dz04 dz05

Во моментот невработен, Исмаил оди во сала три пати во неделата со цел да остане во форма и објавува слики на Интернет со своето разголено тело по вежбањето. Тој вели: „Одам во сала за да го одржувам своето здравје и бидејќи сакам да имам секси тело. Ги објавувам сликите на Инстаграм зљ да се изразам себеси и да направам жените да коментираат велејќи дека им се допаѓаат моите мускули. Овие мои постапки можат да им помогнат на другите луѓе со џуџест раст да почнат да се чувствуваат добро во сопствената кожа. Луѓето со џуџест раст би требало повеќе да бидат застапени во општеството и да се гледаат почесто, како на пример како манекени. Ако добијам шанса да станам модел, јас би го прифатил тоа. Ја сакам модата, особено американските стилови.“

dz06

Исмаил, кој зборува арапски, англиски и француски, исто така кажал дека и покрај тоа што луѓето му пророкувале дека ќе биде вечно сам, тој е решен да ја пронајде својата љубов. Дури е решен и да патува во странство за да си најде девојка.

„Сега за сега сум сам и никогаш не сум имал девојка“, споделува тој. „Има многу апликации за запознавање, но јас не сум на ни една од нив. Многу луѓе си мислат дека јас сум Казанова и ме интересираат само сексуални врски, но тоа не е вистина. До сега сум имал само една секс партнерка. Сепак, би сакал да се оженам, и јас си разговарам со девојки од Европа и Америка. Можеби еден ден ќе се преселам во Америка во потрага за подобраиднина, да се оженам и основам семејство. Барам девојка со руса коса, сини очи и пеги на лицето.“

dz07

Покрај бодибилдинг салата, Исмаил сака да излегува во ноќни клубови со пријателите. Но понекогаш кога излегува се случува да е предмет на негативно внимание. „Луѓето се смејат како луди кога ќе ме видат и ме сликаат“, раскажува Исмаил. „Ако сум среќен и расположен, не ми е грижа за тоа, но кога сум нешто налутен, неми се допаѓа тоа. Ме дразни кога упорно гледаат во мене. Но, јас сум силен и им се спротивставувам, им викам. Имам самодоверба. Мислам дека тие просто ми завидуваат. Луѓето ми завидуваат бидејќи знаат дека добрите нешта доаѓаат во мали пакувања.“

dz08

Сподели на Facebook
пати видено