29-годишен маж кој што работел како механичар на аеродромот во Сиетл, познат само како Рич бил изреволтиран затоа што го отпуштиле од работа. Тој успеал да украде празен, комерцијален авион со 76 седишта и почнал да управува со него неконтролирано и да прави акробации.

Рич му кажал на контролорот дека тој е „само скршен човек“. Контролорот се обидувал да го убеди да слета додека зад авионот се движеле борбени авиони, чија што задача била да не му дозволат на Рич да се сруши во населена област. Пред да престане комуникацијата со кулата, последните зборови на Рич биле: „Ова значи доживотен затвор за мене нели? Се надевам дека е за некој како мене.“ Тој е единствениот кој настрадал во инцидентот.

Потоа авионот се срушил на Кетрон Ајланд (Вашингтон), каде што живеат само 24 луѓе, а според извештаите никој од жителите не е повреден. Тој го земал авионот така што се преправал дека сѐ уште работи на аеродромот и требал да провери еден од авионите кои не биле во употреба.

Полицијата сѐ уште нема потврдено, но се верува дека човекот имал самоубиствени намери. Сепак од полицијата тврдат дека не станува збор за терористички чин.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено