52-годишниот поранешен професор по училишна хемија од Иркутск, Русија се впуштил во масовно производство на синтетички дроги во својата лабораторија на таванот на селската куќа. Неговиот другар и соучесник, економист по струка, му помогнал во дистрибуцијата.

Од неговиот дом биле запленети повеќе од 20 килограми готови наркотици, како и 450 литри течни супстанции кои ги користел за производство на наркотици. По апсењето, хемичарот ја признал својата вина, а регионалниот суд во Иркутск го осуди на 11 години затвор.

Сподели на Facebook
пати видено