Кинеските социјални мрежи се преплавени од снимки од една налудничава ситуација во тамошна продавница на Ејпл. Имено, еден млад човек ги купил и ги испокршил со чекан сите ајфони во продавницата затоа што го погодила една реченица на менаџерот. Тој побарал од менаџерот да му се поправи телефонот кој неодамна го купил од таму. Менаџерот поради некоја причина го одбил неговото барање, велејќи му на момчето дека само може да купи нов уред, или ако веќе нема пари за тоа, да го даде стариот телефон на поправка на некое место.

Навреден затоа што му ја довел во прашање имотната состојба, момчето извадило готовина од џебот и ги купил сите ајфони во таа продавница, па потоа ги испокршил со помош на неговиот пријател. Но, не застанале само на тоа. Својот гнев го истурил и на инвентарот во продавницата, па потоа дал пари и за направената штета.
Додека некои ја доведуваат во прашање автентичноста на оваа снимка, сомневајќи се дека станува збор за маркетиншка кампања, кинеските блогери известуваат дека ваквото однесување е карактеристично за некои млади луѓе таму и дека постои голема шанса тоа да се случило токму така како што се известува.

