Тверскиот митрополит, отец Александар реши да им помогне на жителите на главниот град од неговата област, да се ослободат од зависноста од алкохол еднаш засекогаш. За таа цел отецот изнајми авион, го наполни со 70 литри света вода и со помош на својот колега свештеник, ја испрскаа сета вода летајќи над покривите на градот.

Акцијата беше спроведена на денот на трезвеноста на Русија. Отец Александар, кој учествуваше во „исцелувањето“ на жителите од главниот град на регионот, објасни дека секоја болест е вирус, а секој вирус е демон. Затоа, според свештеникот, секоја болест е духовна.

За време на прскањето на градот, Митрополитот прочита молитвена служба, која треба да го заштити Твер од многу несреќи – сообраќајни несреќи, социјални непогоди и други работи.

Сподели на Facebook
пати видено