Оваа атракција е одлична за сите оние кои сакаат снег и авантура. Полска нуди неверојатна забава во паркот „Snowlandia Zakopane“ со нивниот најголем лавиринт од снег, кој се протега на над 2.500 метри квадратни. Овој уникатен лавиринт беше инсталиран за прв пат пред две години во одморалиштето Закопане, а од тогаш локалните жители и туристите од ова место направија вистинска атракција. Овој неверојатен снежен лавиринт им нуди на посетителите да се изгубат во огромниот лавиринт од мраз и снег, опкружен со ѕидови над 2 метри! Одлична локација за семејна рекреација, во која подеднакво ќе уживаат и децата и возрасните. Еве како изгледа снежниот лавиринт:

Сподели на Facebook
пати видено